Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 14

  1. 1

    Безумниот си вели во срцето: „Нема Бог.“ Луѓето се расипаа и прават одвратни дела; нема кој да прави добро.

  2. 2

    Господ погледна од небото кон луѓето, за да види има ли некој разумен, некој што Го бара Бог.

  3. 3

    Сите застранија и сите заедно се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниту еден.

  4. 4

    Зар навистина немаат разум сите што прават зло, оние што го голтаат Мојот народ како леб, а Господ не Го повикуваат?

  5. 5

    Таму ќе ги обземе голем страв, зашто Бог е со поколението на праведните.

  6. 6

    Можете да ја исмевате надежта на сиромашниот, но неговото вистинско прибежиште е Господ.

  7. 7

    О, нека дојде од Сион спасението за Израел! Кога Господ ќе го врати Својот народ од ропство, Јаков ќе се радува, а Израел ќе се весели.