Псалми
Глава 15
- 1
Господи, кој може да престојува во Твојот шатор? Кој може да живее на Твојата света гора?
- 2
Оној што живее непорочно, постапува праведно и од срце ја зборува вистината;
- 3
оној што не клевети со јазикот, не му прави зло на ближниот и не го посрамува својот сосед;
- 4
оној што го отфрла она што е презрено пред Бог, а ги почитува оние што имаат страв од Господ; и кога ќе се заколне на своја штета, не го менува зборот;
- 5
оној што не ги дава парите со лихва и не прима поткуп против невиниот. Кој живее така, никогаш нема да се поколеба.