Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 16

  1. 1

    Чувај ме, Боже, зашто во Тебе наоѓам засолниште.

  2. 2

    Му реков на Господ: „Ти си мојот Господ; сето добро што го имам доаѓа од Тебе.“

  3. 3

    Светите што живеат на земјата, тие благородни луѓе, се мојата голема радост.

  4. 4

    Сѐ повеќе маки ќе имаат оние што трчаат по други богови. Јас нема да ги принесувам нивните крвави налевни жртви, ниту имињата на нивните богови ќе ги ставам на своите усни.

  5. 5

    Господ е мојот наследен дел и мојата чаша; Ти го чуваш она што ми е доделено.

  6. 6

    Мерните јажиња ми паднаа на прекрасни места; навистина, ми припадна прекрасно наследство.

  7. 7

    Ќе Го славам Господ, Кој ме советува; и во ноќта мојата внатрешност ме поучува.

  8. 8

    Господ постојано Го имам пред себе; бидејќи е од мојата десна страна, нема да се поколебам.

  9. 9

    Затоа моето срце се радува и душата ми ликува, а и моето тело почива во сигурност.

  10. 10

    Зашто Ти нема да ја оставиш мојата душа во гробот, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да види распаѓање.

  11. 11

    Ти ќе ми го покажеш патот што води во живот; во Твоето присуство има полна радост, а од Твојата десна страна — вечни задоволства.