Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 149

  1. 1

    Пејте Му на Господ нова песна; Неговата пофалба нека се слуша во собранието на оние што Му припаѓаат.

  2. 2

    Израел нека се радува во својот Создател, а синовите на Сион нека се веселат во својот Цар.

  3. 3

    Нека го слават Неговото име со оро и нека Му пеат пофалби со тапанче и харфа.

  4. 4

    Зашто Господ се радува на Својот народ, а кротките ги украсува со победа.

  5. 5

    Оние што Му припаѓаат нека се радуваат во славата и нека воскликнуваат од радост дури и на своите легла.

  6. 6

    Нека имаат Божја пофалба во устата, а меч со две острици во раката,

  7. 7

    за над народите да извршат одмазда, а над племињата заслужена казна,

  8. 8

    за нивните цареви да ги врзат со синџири, а нивните благородници со железни окови,

  9. 9

    и над нив да го извршат судот што е запишан. Оваа чест им припаѓа на сите што Му припаѓаат. Алилуја!