Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 150

  1. 1

    Славете Го Бог во Неговото светилиште; славете Го во небесниот простор што сведочи за Неговата сила.

  2. 2

    Славете Го за Неговите моќни дела; славете Го според Неговото неизмерно величие.

  3. 3

    Славете Го со звукот на трубата; славете Го со лира и харфа.

  4. 4

    Славете Го со тапанче и оро; славете Го со жичени инструменти и кавал.

  5. 5

    Славете Го со звучни кимвали; славете Го со силни, громогласни кимвали.

  6. 6

    Сѐ што дише нека Го слави Господ! Алилуја!