Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 3

  1. 1

    Господи, колку многу се моите противници! Колкумина се креваат против мене!

  2. 2

    Мнозина велат за мене: „За него нема спасение кај Бог.“

  3. 3

    Но Ти, Господи, си штит околу мене; Ти си мојата слава и Оној што ми ја подигнува главата.

  4. 4

    Гласно повикав кон Господ, и Тој ми одговори од Својата света гора.

  5. 5

    Легнав, заспав и повторно се разбудив, зашто Господ ме крепи.

  6. 6

    Нема да се плашам ни од десетици илјади луѓе, дури и кога ќе ме опкружат од сите страни.

  7. 7

    Стани, Господи! Спаси ме, Боже мој! Ти ги удираш по образ моите непријатели и им ги кршиш забите на безбожните.

  8. 8

    Спасението доаѓа од Господ. Нека биде Твојот благослов над Твојот народ!