Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 4

  1. 1

    Кога Те повикувам, одговори ми, Боже, Ти што ја браниш мојата праведност! Кога бев притеснет, Ти ми даде простор. Биди милостив кон мене и чуј ја мојата молитва.

  2. 2

    Луѓе, до кога ќе ја претворате мојата чест во срам? До кога ќе го сакате она што е празно и ќе трчате по лагата?

  3. 3

    Знајте дека Господ го издвојува за Себе побожниот; кога ќе Го повикам, Господ ќе ме чуе.

  4. 4

    Треперете, но не грешете; кога сте на своите постели, размислувајте во срцето и молчете.

  5. 5

    Принесувајте праведни жртви и надевајте се на Господ.

  6. 6

    Мнозина прашуваат: „Кој ќе ни покаже нешто добро?“ Господи, нека засветли над нас светлината на Твоето лице.

  7. 7

    Ти стави во моето срце поголема радост од онаа што ја имаат тие кога им изобилуваат житото и виното.

  8. 8

    Во мир ќе легнам и спокојно ќе заспијам, зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во сигурност.