Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 6

  1. 1

    Господи, не ме укорувај во Својот гнев и не ме казнувај во Својата жестока лутина.

  2. 2

    Биди милостив кон мене, Господи, зашто изнемоштив; исцели ме, Господи, зашто и коските ми треперат.

  3. 3

    И душата ми е длабоко вознемирена. А Ти, Господи — до кога?

  4. 4

    Врати се, Господи, и избави ме; спаси ме поради Својата милост.

  5. 5

    Зашто во смртта никој не Те спомнува; кој ќе Те слави во гробот?

  6. 6

    Изнемоштив од воздивнување; секоја ноќ со солзи ја обливам постелата и го натопувам своето легло.

  7. 7

    Очите ми се истрошија од жалост и ослабеа поради сите мои противници.

  8. 8

    Тргнете се од мене, сите што правите зло, зашто Господ го чу гласот на моето плачење.

  9. 9

    Господ ја чу мојата молба; Господ ја прима мојата молитва.

  10. 10

    Сите мои непријатели ќе се посрамат и ќе се исполнат со страв; ненадејно ќе се повлечат засрамени.