Псалми
Глава 75
- 1
Те славиме, Боже, Те славиме! Твоето име е близу, и луѓето раскажуваат за Твоите чудесни дела.
- 2
„Кога ќе дојде времето што сум го определил, ќе судам праведно.
- 3
Иако земјата и сите нејзини жители се разнишуваат, Јас цврсто ги држам нејзините столбови.“
- 4
На горделивите им реков: „Не гордејте се!“ А на безбожниците: „Не кревајте го својот рог!
- 5
Не кревајте го рогот високо и не зборувајте со вкочанет врат!“
- 6
Зашто возвишувањето не доаѓа ни од исток, ни од запад, ни од пустината;
- 7
Бог е Судијата: едниот го понижува, а другиот го возвишува.
- 8
Во Господовата рака има чаша полна со пенливо, зачинето вино. Тој налива од неа, а сите земни безбожници ќе ја испијат до дното, заедно со талогот.
- 9
А јас ќе го разгласувам тоа довека и ќе Му пеам пофалба на Јакововиот Бог.
- 10
„Ќе ја скршам силата на сите безбожници, а силата на праведните ќе биде возвишена.“