Псалми
Глава 76
- 1
Во Јуда Бог е добро познат, а во Израел Неговото име е големо.
- 2
Неговиот шатор е во Шалем, а Неговото живеалиште на Сион.
- 3
Таму Тој ги искрши огнените стрели, лакот, штитот, мечот и сето оружје на војната.
- 4
Ти блескаш во слава и си повеличествен од планините натрупани со плен.
- 5
Храбрите по срце беа ограбени и заспаа; ниеден од силните воини не можеше ни да ја крене раката.
- 6
Од Твојата закана, Јаковов Боже, и коњите и бојните коли паднаа во длабок сон.
- 7
Само Ти си достоен за стравопочит! Кој може да стои пред Тебе кога ќе се разгневиш?
- 8
Од небесата ја објави Својата пресуда, и целата земја се исплаши и замолкна,
- 9
во мигот кога Бог стана да суди и да ги спаси сите кротки на земјата.
- 10
Дури и човечкиот гнев ќе се претвори во пофалба за Тебе, а остатокот од гневот Ти ќе го запреш.
- 11
Заветувајте Му се на Господ, вашиот Бог, и исполнете ги своите завети; сите што се околу Него нека Му донесат дарови на Оној што е достоен за стравопочит.
- 12
Тој ја крши гордоста на владетелите; страшен е за земните цареви.