Псалми
Глава 8
- 1
Господи, Господи наш, колку е величествено Твоето име по целата земја! Својата слава ја постави над небесата.
- 2
Од устата на малите деца и доенчињата подигна сила против Твоите противници, за да ги замолкнеш непријателот и одмаздникот.
- 3
Кога го гледам Твоето небо, дело на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил,
- 4
се прашувам: што е човекот, па да мислиш на него, и човечкиот син, па да се грижиш за него?
- 5
Сепак, Ти го направи само малку понизок од ангелите и го овенча со слава и чест.
- 6
Му даде да владее над делата на Твоите раце и сѐ стави под неговите нозе:
- 7
сите овци и говеда, заедно со полските животни,
- 8
небесните птици, морските риби и сѐ што се движи по морските патишта.
- 9
Господи, Господи наш, колку величествено е Твоето име по целата земја!