Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 85

  1. 1

    Господи, Ти покажа наклонетост кон Својата земја и го врати Јаков од ропство.

  2. 2

    Го прости беззаконието на Својот народ и го покри целиот негов грев.

  3. 3

    Го повлече Својот гнев и се одврати од жестоката Своја лутина.

  4. 4

    Врати нѐ кај Себе, Боже на нашето спасение, и прекини да се гневиш на нас.

  5. 5

    Зар ќе ни се гневиш засекогаш? Зар Твојот гнев ќе продолжува од поколение во поколение?

  6. 6

    Зар нема повторно да ни дадеш живот, за Твојот народ да може да се радува во Тебе?

  7. 7

    Покажи ни ја Својата милост, Господи, и подари ни го Своето спасение.

  8. 8

    Ќе слушам што ќе каже Господ Бог, зашто Тој ќе му зборува за мир на Својот народ и на Своите свети; само тие да не се вратат повторно на безумството.

  9. 9

    Навистина, Неговото спасение е близу до оние што имаат страв од Него, за Неговата слава да живее во нашата земја.

  10. 10

    Милоста и верноста се сретнаа; праведноста и мирот се прегрнаа.

  11. 11

    Верноста никнува од земјата, а праведноста погледнува од небото.

  12. 12

    Господ ќе ни го даде она што е добро, а нашата земја ќе го даде својот плод.

  13. 13

    Праведноста ќе оди пред Него и ќе го подготвува патот по кој Тој чекори.