Прескокни кон главната содржина

Тит

Глава 1

  1. 1

    Павле, Божји слуга и апостол на Исус Христос, за верата на Божјите избраници и за познавањето на вистината што води кон побожност,

  2. 2

    во надежта за вечниот живот, кој Бог, Кој не лаже, го вети пред вечни времиња,

  3. 3

    а во определеното време го објави Својот Збор преку проповедта што ми беше доверена по заповед на Бог, нашиот Спасител,

  4. 4

    до Тит, моето вистинско дете според заедничката вера: благодат и мир од Бог Таткото и од Христос Исус, нашиот Спасител.

  5. 5

    Те оставив на Крит за да го довршиш она што остана недовршено и да поставиш старешини во секој град, како што ти наредив:

  6. 6

    кој е непорочен, маж на една жена и има верни деца, кои не се обвинувани за разузданост или непокорност.

  7. 7

    Зашто надгледувачот, како Божји управител, треба да биде беспрекорен: не самоволен, не гневлив, не пијаница, не насилен и не алчен за нечесна печалба,

  8. 8

    туку гостољубив, љубител на доброто, разумен, праведен, свет и воздржлив;

  9. 9

    цврсто да се држи за верниот Збор, во согласност со учењето, за да може и да поттикнува со здравото учење и да ги изобличува противниците.

  10. 10

    Зашто има многу непокорни, празнословци и измамници, особено меѓу обрежаните.

  11. 11

    Ним треба да им се затвори устата, зашто разоруваат цели домови, поучувајќи го она што не треба поради нечесна добивка.

  12. 12

    Еден од нив, нивни пророк, рече: „Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови и мрзливи стомаци.“

  13. 13

    Ова сведоштво е вистинито. Затоа укорувај ги строго, за да бидат здрави во верата

  14. 14

    и да не им обрнуваат внимание на јудејски митови и на заповеди од луѓе што се одвраќаат од вистината.

  15. 15

    За чистите сѐ е чисто, а за осквернетите и неверните ништо не е чисто; и умот и совеста им се осквернети.

  16. 16

    Тврдат дека Го познаваат Бог, но со делата Го одрекуваат; одвратни се, непокорни и неподобни за какво било добро дело.