Захарија
Глава 12
- 1
Пророчки збор од Господ за Израелот. Господ, Кој го распна небото и ја основа земјата и му создаде на човекот дух, кој е во него, вели:
- 2
ете, Јас ќе го направам Ерусалим како чаша за опивање на сите околни народи, а исто така и за Јуда во времето на ерусалимската опсада.
- 3
Во оној ден ќе го направам Ерусалим како тежок камен за сите племиња; сите што ќе го подигаат, ќе се искилават, а ќе се соберат против него сите земни народи.
- 4
Во оној ден, вели Господ, Јас ќе го поразам секој коњ со лудост, а неговиот коњаник - со безумие, додека над Јудиниот дом ќе ги отворам Своите очи; секој коњ пак, меѓу народите ќе го поразам со слепило.
- 5
Тогаш владетелите Јудини ќе речат во своите срца: жителите на Ерусалим се моја сила во Господ на небесните војски, нивниот Бог.
- 6
Во оној ден Јас ќе ги направам владетелите Јудини како запален јаглен меѓу дрва и како огнено светило меѓу снопови; тие ќе ги истребат сите околни народи, и од десната и од левата страна, и Ерусалим ќе биде одново населен на своето место - во Ерусалим.
- 7
И Господ ќе ги спаси најнапред шаторите на Јуда, така што величието на Давидовиот дом и величието на ерусалимските жители да не се издигнат над Јуда.
- 8
Во оној ден Господ ќе ги брани жителите на Ерусалим, и најслабиот меѓу нив во оној ден ќе биде како Давид, а Давидовиот дом ќе стане како Божји дом, како Господов ангел пред нив.
- 9
Во оној ден ќе ги истребам сите народи, што го напаѓаат Ерусалим.
- 10
А над Давидовиот дом и над ерусалимските жители ќе излијам дух на благодат и милост, и тие ќе погледаат на Него, Кого тие го прободоа, и ќе плачат за Него, како што се плаче за еднороден син, и ќе жалат како што се жали за првороден.
- 11
Во оној ден ќе се крене голем плач во Ерусалим, како плач на Хададримона во долината Мегидон.
- 12
И ќе плаче земјата, секое племе посебно; племето на Давидовиот дом, и нивните жени одделно;
- 13
Левиевото племе одделно, и нивните жени одделно; племето Симеоново одделно, и нивните жени одделно;
- 14
и сите други племиња, секое племе одделно, и нивните жени одделно.