Захарија
Глава 4
- 1
И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.
- 2
И ми рече: ‘Што гледаш?’ А јас реков: ‘Гледам, и ете, стои свеќник, целиот од злато, со сад над него; на него има седум светилки и по седум цевки кај секоја светилка.
- 3
И две маслинки на него - една десно од чашката, а друга лево од неа.
- 4
Одговорив и му реков на ангелот, кој зборуваше со мене - што претставува ова, господине?
- 5
И ангелот што зборуваше со мене ми рече: ‚Зар не знаеш што значи ова?‘ А јас одговорив: ‚Не, господине мој.‘
- 6
Тогаш одговори и ми рече: ‘Ова е Господовиот збор до Зоровавел: Не со војска, ниту со сила, туку со Мојот Дух,’ вели Господ на војските.
- 7
Која си ти, голема планино? Пред Зоровавел ќе станеш рамнина! Тој ќе го изнесе завршниот камен со восклик: „Благодат! Благодат над него!“
- 8
И ми дојде Господовиот збор:
- 9
рацете на Зоровавел ги поставија основите на овој дом: неговите раце ќе го завршат, и ти тогаш ќе разбереш дека Господ на небесните војски ме испратил кај вас.
- 10
Зашто кој го презира денот на малите почетоци, кога радосно ќе го гледаат ѕидарскиот конец со висулка во рацете на Зоровавел оние седум, а тоа се очите на Господ, што со поглед ја опфаќаат целата земја?‘
- 11
Потоа одговорив и му реков: што значат оние две маслинки од десната и од левата страна на свеќникот?
- 12
И пак почнав да му зборувам и му реков - што треба да означуваат оние две маслинени гранчиња, што се наоѓаат меѓу двете златни цевчиња, кои од себе долеваат масло?
- 13
А тој ми рече: ‚зар не ти е познато што е тоа?‘ Му одговорив: ‚не знам, мојот господине.‘
- 14
Тогаш тој ми рече: ‚па тоа се двајцата помазаници со масло, кои стојат пред Господ над целата земја.‘