Прескокни кон главната содржина

Захарија

Глава 5

  1. 1

    Потоа пак ги подигнав очите и видов: и ете, леташе свиток.

  2. 2

    И ме праша тој: ‚што гледаш?‘ Му одговорив: ‚гледам свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти.‘

  3. 3

    Тогаш ми рече: „Тоа е проклетството што ќе се излие над целата земја; и секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби - како што е напишано на другата страна.

  4. 4

    Јас го пуштив - вели Господ - и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во Моето име, и ќе остане во неговиот дом, и ќе ги истреби и него, и неговите дрвја, и неговите камења“.

  5. 5

    Тогаш влезе ангелот, што зборуваше со мене, и ми рече - подигни ги очите пак и погледај - што е она што излегува?

  6. 6

    А кога прашав: ‚Што е тоа?‘ Тој ми одговори: она што излегува е ефа мерна, па додаде, тоа е нивната неправедност по целата земја.

  7. 7

    И, ете, одеднаш се издигна парче олово, а таму една жена седеше над ефата.

  8. 8

    Ми рече тој: таа жена е беззаконието, па ја фрли среде ефата, а врз отворот ѝ го фрли парчето олово.

  9. 9

    И одново ги подигнав очите и видов: одеднаш се појавија две жени, и ветар имаше меѓу нивните крилја; а крилјата им беа како крилја на штрк; и ја кренаа тие ефата и ја понесоа угоре меѓу земјата и небото.

  10. 10

    Го прашав ангелот, што зборуваше со мене: каде ја носат таа ефа?

  11. 11

    А тој ми одговори: - за да се изгради за неа дом во земјата Сенар, и кога сѐ ќе биде подготвено, тогаш таа ќе биде однесена и поставена на своето место.