Прескокни кон главната содржина

Захарија

Глава 7

  1. 1

    Во четвртата година на царот Дариј Господовиот збор му дојде на Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец - Кислев,

  2. 2

    кога Ветил ги испрати Сарацера и Регемелеха и нивните придружници за да се помолат пред лицето на Господ

  3. 3

    и да ги прашаат свештениците, што се наоѓаа во домот на Господ на небесните војски, и пророците, па да прашаат: ‚да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веќе многу години?‘

  4. 4

    И ми дојде збор од Господ на небесните војски:

  5. 5

    ‚Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте, зар за Мене?

  6. 6

    И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?‘

  7. 7

    Зар истите зборови не ги кажуваше Господ преку поранешните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него, јужната страна и низината, кога беа населени?

  8. 8

    И му дојде Господовиот збор на Захарија:

  9. 9

    вака зборуваше тогаш Господ на небесните војски: извршувајте праведен суд и имајте милост и сочувство кон својот брат;

  10. 10

    не угнетувајте вдовици и сираци, доселеници и сиромаси и не смислувајте зло во своите срца еден против друг.

  11. 11

    Но тие не сакаа да слушаат, и се одвратија од Мене; и ушите ги затнаа за да не слушаат.

  12. 12

    И срцето го скаменија, за да не го пазат законот и зборовите што ги испраќаше Господ на небесните војски преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господ на небесните војски.

  13. 13

    И како што викав Јас, а тие не слушаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ на небесните војски.

  14. 14

    Па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја запусте по нив, така што никој не одеше ни напред ни назад по неа, и тие саканата земја ја претворија во пустина.